Насловна / Вести / Паѓаат цените на недвижнини во центарот на Лондон

Паѓаат цените на недвижнини во центарот на Лондон

Одлуката да се напушти Европската унија придонела за најостриот пад на цените на недвижнините во најскапите квартови на британската престолнина Лондон во последните седум години и го забрзала надолниот тренд на цените предизвикан од порано со зголемувањето на даноците.лондон недвижнини (2)

Ваквите сознанија се добиени од истражувањето што во средата го објави компанијата „Knight Frank“, според коешто индексот на недвижнините во центарот на Лондон паднал за 1,5 отсто во однос на истиот период минатата 2015 година, што е последица од несигурноста по референдумската одлука од 23-ти јуни за напуштање на ЕУ, но зголемување на даноците на недвижнините.лондон недвижнини (3)

„Од референдумот наваму, многу купувачи побарале попусти на цените на недвижнините поради политичката и економската несигурност“, вели Том Бил, директор на лондонската филијала на компанијата „Knight Frank“.

Меѓутоа, главната причина за падот на цените на недвижнините уште од претходно беше зголемување на даноците на недвижнините, што ги зголеми цените на најскапите, но и на поевтините објекти.

Централниот дел на Лондон се протега од Хотинг Хил до Најтсбриџ, на запад, и до Сити оф Ландон, на север и исток.лондон недвижнини (4)

Цените во оваа најатрактивна област од Лондон почнаа да паѓаат уште пред референдумот, но во јули го забележале најголемиот пад уште од периодот на глобалната финансиска криза од 2009 година, кога Велика Британија потона во рецесија.

Ни и покрај тоа, цените на недвижнините во ова подрачје на британската престолнина и натаму се за околу 50 отсто повисоки отколку што беа кон крајот на 2009 година.

Лондон останува привлечен за многу странски инвеститори поради својата положба, правниот систем и релативно ниските даноци, но рејтинг агенцијата „Moody’s“ предупреди во средата дека цените на недвижнините би можеле да паднат, доколку се намали странската побарувачка за нив.

„Доколку Лондон го загуби својот статус на ‘безбедно засолниште’ кај странските вложувачи, веројатно ќе падна обемот на купопродажбите, како и вредноста на недвижнините“, порача споменатата рејтинг агенција.лондон недвижнини (1)

Многу странски банки и компании, како и институции на Европската унија, порачаа по одлуката за напуштање на ЕУ, дека ја разгледуваат можноста од преселување на своите седишта од Лондон во другите делови на Унијата, во зависност од тоа каков трговски договор ќе постигнат Британија и ЕУ по излегувањето. А тоа би можело да ја намали побарувачката на недвижнини во Лондон.

Испрати коментар

Scroll To Top