Насловна / Арт и дизајн / Овогодишната елка во хотелот Claridge’s е дизајнирана од Ким Џонс од Диор

Овогодишната елка во хотелот Claridge’s е дизајнирана од Ким Џонс од Диор

Секоја година Claridge’s, познатиот луксузен хотел во Лондон ангажира едно од најголемите имиња во модната индустрија да ја дизајнира празнична елка, а оваа година својот дизајн го претстави уметничкиот директор на машките колекции на Диор, Ким Џонс,.

02_resize

Овогодинешната новогодишна елка наречена „The Celestial Snow Globe“ оддава почит на Dior savoir faire и занаетчиската вештина, земајќи инспирација од работата на студиото за мода Диор, поточно, деликатните, проѕирни материјали што се користат во пре-производството на облеката. Елката ги комбинира холографските проекции со белата тоалета, со цел да произведе „поетска интеракција на транспарентност“. Божиќните топки изгледаат како да лебдат во орбита околу дрвото и имаат култни мотиви на Диор. Тука спаѓаат ѕвездите – небесната амајлија за среќата на Monsieur Dior – и минијатурните шишиња парфем во облик на кучето на Monsieur Dior, Боби, кое Ким Џонс симболично го реинтерпретирал.

0_resize

Саканото куче на Ким Џонс, Куки, е на врвот на дрво високо 6,5 метри и нежно ја гушка среќната ѕвезда на Monsieur Dior.

Ѕвездата потсетува на талисманот што Monsieur Dior го чувл во својата канцеларија, што е одлучувачки знак за неговата судбина и одигра клучна улога во неговата одлука да создаде своја модна куќа во 1946 година.

2_resize

Коментирајќи ја инсталацијата, Ким Џонс изјавил: „Ми беше голема чест што оваа година ја дизајнирав новогодишна елка за Claridge’s. Возбуден сум што ќе ја започнам празничната сезона во ваква култна британска институција“.

01_resize

Ова е 11-та година како Claridge’s ги поканува водечките светски креативци да ги интерпретираат своите празнични декорации на единствен начин. Претходните брендови и дизајнери кои работеле на овој проект се Diane von Furstenberg, Karl Lagerfeld, Christian Louboutin, Burberry и Dolce & Gabbana.

03_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top