Насловна / Архитектура / Овие „лажни“ градови настанале само за да привлечат туристи

Овие „лажни“ градови настанале само за да привлечат туристи

Голем број градови во светот настанеле исклучиво поради идејата за заработка од посетата на голем број туристи. Но, само на одреден број градови тоа навистна им успеало. Останатите ќе бидат запаметени како пропаднати инвестиции.

Atlantic_jumbo

Атлантик Сити, САД

Во последните години овој град доживеа вистински препород благодарение на серијата Boardwalk Empire, по долготрајниот постепен пад на бројот на посетители во последните неколку децении. Своите најдобри денови градот ги памети во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век, кога богатите жители на Њујорк тука го поминувале својот годишен одмор. Градот настанал во 1854 година, а веќе во 1874 имал посетеност од 500.000 туристи годишно.

Las Vegas

Лас Вегас, САД

„Градот на гревот“  настанал во 1905 година. Својот процут го доживува 24 години подоцна кога сојузната држава Невада го легализира коцкањето. Од тогаш, Лас Вегас е топ дестинација првенствено за коцкарите ширум светот. Исто така, познат е по своите ресторани, хотели и центри за забава.

Kankun

Канкун, Мексико

Канкун е една од најпопуларните туристички дестинации во светот. Само во последните шест месеци во него се видени ѕвезди како Селена Гомез, Адам Сендлер и други. Мексиканските власти пред 45 години вложиле серизони средства во изградба на неколку ексклузивни хотели, со цел создавање на глобална туристичка дестинација. Денес, Канкун покрај Акапулко е најголемата туристичка дестинација на оваа централноамериканска држава.

Chinese Newlyweds Photographed In Thames Town

Градот на реката Темза, Кина

Градот го добил името по реката Темза во Англија, и се наоѓа на околу 30 километри оддалеченост од Шангај. Изградбата чинела 766 милиони долари, но од своето постоење во 2006 година до денес нема никаков успех во туризмот. Денес главно служи како заднина на фотографиите на младите кинески брачни парови кои немале доволно пари за меден месец во Англија. Градот е копија на типичен англиски град и нема ништо автентично во својата понуда. Има дури и копии од традиционалните црвени телефонски говорници.

 

Benidorm

Бенидорм, Шпанија

Овој град е една од омилените туристички дестинации во Шпанија, но до педесеттите години од минатиот век бил само мало рибарско гратче на западниот брег на Медитеранот. Откако рибарството доживеало значаен пад, шпанските власти одлучиле да го претворат во место за одмор. Од тогаш, Бенидорм годишно го посетуваат милиони туристи, а снимена е и серија која го носи името на овој град.

dubai

Дубаи, ОАЕ

До пред 30 години на местото каде се наоѓа градот била само пустина, но по пронаоѓањето на нафта Дубаи доживува една од најголемите забележани експанзии. Дубаи денес е локација на многубројни архитектонски подвизи: највисок хотел, најголем вештачки остров, најголем трговски центар во светот. Оваа стратегија се исплатела. Од 2013 година до денес, Дубаи е секоја година најпосетуваниот град на планетата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top