Насловна / Вести / Вака изгледа познатиот луксузен ресорт во Црна Гора, каде што семејството Бекам моментално престојува

Вака изгледа познатиот луксузен ресорт во Црна Гора, каде што семејството Бекам моментално престојува

Се разбира, станува збор за „Аман Ресорт“ во Свети Стефан, кој е дел од најпознатата туристичка групација на одморалишта кои се наоѓаат на најпривлечните локации во светот. Свети Стефан во Џрна Гора е секако таа прилично безбедна и луксузна дестинација за познати посетители и не е изненадувачки што оваа локација била избор и на други добро познати личности пред доаѓањето на семејството Бекам. бекам (10)

На пример, Новак Ѓоковиќ ја организирал својата свадба овде, а пред педесет години во Свети Стефан, често доаѓале и личности како Елизабет Тејлор и Софија Лорен. Се разбира, поранешното одморалиште не може да се спореди со луксузот што го нуди денес „Аман Ресорт“, кој бил отворен во 2009 година и кој има 30-годишен закуп на ова рибарско место изградено во 15 век.

На гостите на располагање им се бројни „колиби“ со приватни базени, услуга на ниво, неколку врвни ресторани, главната вила Милочер и, се разбира, раскошниот спа центар, кој е широко познат во светот. Семејството Бекам, наводно, се движи на островот во друштво на телохранители, а на врвот на листата на барањата им биле оние за приватност.бекам (7) бекам (8) бекам (9) бекам (11) бекам (12) бекам (1) бекам (2) бекам (3) бекам (4) бекам (5) бекам (6)

Испрати коментар

Scroll To Top