Насловна / Архитектура / Ова е одлично време да не се губи време

Ова е одлично време да не се губи време

2013_07_25_MR_by_Juan_Rodrigo_Llaguno_011

Оваа година, Белградската недела на дизајнот за првпат угости архитект од Мексико. Мишел Ројкинд (Michel Rojkind) е најзвучното архитектонско име на таа земја. Некогаш музичка ѕвезда во студентските денови, а денес големо име во современата архитектура, Ројкинд раскажува како одлучил да стане архитект, зошто смета дека е важно да се преиспита проектната задача, со кого води најинтерсни разговори и дали е можно да се гради само со мислите…

На што моментално работи Вашето студио?

-Моментално работиме заедно со Владата на проектот Minimal Housing. Тоа е проект на социјално домување. Порано тоа не можевме да го покренеме, но сега има интересни луѓе во управата кои соработуваат со нас и со другите архитекти. Работиме на станбени објекти, а почнавме да работиме и на проекти надвор од Мексико. Повеќето од нашите проекти се во Мексико, работевме меѓународни конкурси на кои не победивме, но делата им се допаднаа на одредени клиенти. Очекуваме да започнеме проект за дом на стари лица, како и одредени урбанистички планови. Цело време работиме проекти на приватни куќи. Јас на тие проекти се радувам бидејќи тоа е еден многу интимен однос, а тоа во последно време многу ми недостасуваше. Ние сме студио кое има околу 25 луѓе, не се шириме, тоа е права величина за нас. Секогаш правиме тимови, од графички дизајнери, индустриски дизајнери и луѓе од финансии, социолози и секако од инженери. Сместени сме во Мексико Сити. Многу сме ориентирани кон процесот, во нашето студио не се битни завршените макети, туку многуте недовршени макети на различни фази. Тоа го сакаат клиентите кај нас, тие доаѓаат заради идеи, а кај нас секогаш се случува производство на идеи.2014_01_29_FALCON_2_by_Jaime_Navarro_Rojkind_Arquitectos_037

Каква е архитектонската сцена во Мексико?

-Има многу познати архитекти од претходниот период, од модернизмот, како што е Марио Пани. Денес има нова генерација која работи одлични нешта, би ги издвоил студијата ММХ, „Продуктор“ и „Амброси“. Денес Мексико е многу добра архитектонска средина. Мора да разберете дека Мексико е посебно место. Денес често го слушаме зборот криза, но ние не сме исплашени затоа што отсекогаш сме биле во криза, навикнавме да се снаоѓаме. Денес луѓето инвестираат во Мексико бидејќи не можат во своите земји, па доаѓаат во голем број; тоа е интересно зашто секогаш се гради, секогаш некој капитал се движи, нема застој. Мексико Сити има 22 милиони жители, тоа е лудило, парите што циркулираат не се исти за сите, но секогаш постои шанса да се работи, дури и за малите студија.CINETECA_by_Paul_Rivera_03_2

Каков е Вашиот архитектонски пристап?

-Би го дефинирал со ставот да поставуваме прашања, секогаш се обидуваме да се концентрираме во редефинирање на зададената програма, задача. Дали клиенот навистина го разбира проблемот или не? Мојот драг пријател Алехандро Аравена многу добро објасни што е тоа што го дефинира проектот: ако немате добри информации во старт, кои одредуваат што му е потребно на проектот, резултатот нема да биде добар. Многу е важно, на основа на упатствата, да седнете со клиетот и да ги испитате тие упатства. Тоа не е заради суетата на архитектот, ги испитувате условите бидејќи седите покрај стручњак, како социолог или економист, и морате да ја разберете ситуацијата дека клиентот може да биде информиран само од својата фокусна група. Јас знам дека клиентот сака да заработи, но јас ќе му овозможам да заработи исто толку со подобри резултати ако седнеме и ако ги испитаме уловите. Тоа не наш стил, туку тоа е нашиот пристап. Секој проект мора да биде различен бидејќи се различни непознатите во таа равенка.CINETECA_FOTOS_JAIME NAVARRO_ARQUINE_NEED_PERMISSION_TO_BE_USED_08

Во Вашите проекти забележав дека многу работите на фасади, на покриви?

-Луѓето понекогаш мислат дека она што го работиме е површно, но сè што работиме е испитување, кои се условите и како да ги направиме работите поинакви. Ние, секако, мораме да работиме нешта кои функционираат, но истовремено јас верувам во убавината и добриот дизајн. Ја сакам дигиталната технологија, новите материјали и работата со раце. Сакам занаетчиски работи, ако дигиталниот дизајн ви е средство за локално производство, мислам дека можете да имате извонредни резултати. Особено во земји како Мексико, каде можете да најдете одлични занаетчии, а нема големи производствени компании. Тие луѓе се многу добри во тоа што го работат, тие со години работат како занаетчии, тие можат да ви го објаснат процесот за да разберете како настануваат делата.2010030_JBE_Insurgentes_By_Jaime_Navarro_083

Што е архитектура?

-Архитектурата е капацитет да се подобри животот, макар малку, не само затоа што правите засолништа, бидејќи архитектурата е во тоа да создавате нешто. Почнав да студирам архитектура додека бев тапанар во бендот и со тоа се занимавав професионално. Најдобрата работа што ми се случи додека бев со бендот е тоа што имав можност да патувам во странски држави, а најдобрата страна во тоа беше што можев да седам по страна и да го набљудувам животот. Додека седев и ги гледав зградите како сведоци на секојдневниот живот, сфатив дека сакам да бидам архитект. Не е работата во зградите, ме заинтересира она што се случува околу мене, дали зградите ја имаат таа можност да ги подобрат нештата, како добар плоштад или друг јавен простор, што и да било. Тоа е прекрасно, архитектура не се само изолирани објекти.

2010030_JBE_Insurgentes_By_Jaime_Navarro_049

Дали архитектурата се менува и каде оди?

-Порано архитектурата беше битна заради себе, но денес тоа веќе не е така и тоа е добро. Битно е што работи архитектурата, дали создава нешто и дали го поврзува општеството, дали им служи на луѓето со кои има интеракција или е егоцентрична и фокусирана на клиенти или на архитектура. Мислам дека е добро прашањето, како можеме да направиме простор во кој ќе се случуваат работите? Верувам дека архитектурата е многу невротична како професија, ние сакаме да проектираме сè, а има многу работи за кои е подобро да не се проектираат, но многу е тешко да се убедат клиентите со зборови. Ние ќе проектираме 80% згради, а 20% оставаме да видиме како луѓето ќе ги користат. Добро е да се види како се одвиваат работите, би можеле да се изненадите што можете да научите кога оставате опција нешто само да се случи.

2014_06_10_ROMA_MARKET_photo_by_Jaime_Navarro_071

Кога и како одлучивте да бидете архитект?

-Не бев баш сигурен што сакам да бидам, јас сакам графички дизајн, сакам и индустриски дизајн. Мојот постар брат ме натера на тоа, ми рече зошто не би бил архитект? Архитектот може да се занимава и со графички дизајн, може и намештај да прави. Тоа беше време кога многу патував, бев во различни хотели, во ноќни клубови, аеродроми, и тоа искуство ми пробуди интерес за сè што нè опкружува.2014_06_10_ROMA_MARKET_photo_by_Jaime_Navarro_050 2014_06_10_ROMA_MARKET_photo_by_Jaime_Navarro_031

Каков студент бевте?

-Бев просечен студент. Пред сè, јас свирев додека студирав, веќе имав издадено албуми и спотови на МТВ, па професорите ми велеа да го напуштам факултетот бидејќи го трошам нивното време и дека нема да бидам архитект. Јас им велев дека треба да судат по мојата работа а не по тоа што мислат за мене.

Имавте ли шанса да разговарате со нив после тоа?

-Да, кога држев предавања на својот факултет, ми приоѓаа и ми зборуваа дека знаеле дека ќе бидам добар архитект.2014_01_29_FALCON_2_by_Jaime_Navarro_Rojkind_Arquitectos_104

Кога не сте архитект, кога сте само Мишел Ројкинд, со што се занимавате?

-Водам неверојатни разговори со мојата ќерка. Таа има девет години, и кога разговараме за нешто интересно јас и велам да ме предупреди ако станам досаден, бидејќи тоа значи дека сум остарел, а јас тоа не го сакам. Не сакам да го изгубам начинот на кој го набљудувам животот, а тоа е поставување прашања, исто како што прават и децата.

Дали имате некој совет за младите архитекти и студенти?

-Секако, не совет како некој што дели совети, но давам сугестија која студентите би требало да ја знаат, а тоа е дека архитектурата е изградена од мисли, градбата не е само со цигли, градбата е секојдневна работа, градите дијалог, градите начин на размислување. Многу зборуваат „кога ќе имам клиент ќе градам …“, па изгради сега, напиши блог, биди критичар, можеш да пишуваш и денес тоа е помоќно оружје од кога и да било. Порано, ако не познававте некој што сака да ви објави нешто, не можевте ништо. Денес постои можност тоа да се стави на Интернет и со еден клик може да станете најголем идиот на светот или некој што создава дијалог. Тоа им се случило на многумина, не само во архитектурата, луѓе кои избрале компании на основа на тоа што објавиле, уметници кои снимиле свои песни на компјутер и ги објавиле, а сега имаат албум на годината. Ова е одлично време да не се губи време. Наместо да седите и размислувате дали постои некој што ќе ве вработи, работете на работи кои можете да ги работите и кога не сте вработени бидејќи тоа ќе ви биде работата. Дури и размислувањето што имате да работите како архитект е градба. Можете да бидете изненадени што ќе смислите, вашата глава размислува, вашата глава вежба да создава работи, а не да се жалите за она што го немате.

Marko Obradovic - BDW014 78

Што е MXDF?

-MXDF е компанија која ја создадов со двајца архитекти. Ние размислувавме за многу работи, но пред сè за образованието. Не сакавме да учиме утописки работи, туку реални. Mислевме дека е добро луѓето да доаѓаат и да зборуваат за своите проблеми, а потоа на студентите да им го дадеме тоа како права работа. Друга работа, јас имам проблем кога сакам да најдам нешто што некој архитект направил во Мексико, бидејќи тоа не можам да го најдам. Морам да барам во неговото студио, на факултет или во архивата. Истражувањето за Мексико треба да биде на едно место, затоа што ако сакам да работам проект за автопат, морам да ги видам претходните педесетина предлози кои биле во текот на четириесет години, за да разберам што се случувало порано и да продолжам со истражување. Во спротивно, ние секогаш се вртиме во круг. Се обидовме како невладина организација да најдеме средства за таа работа.

Испрати коментар

Scroll To Top