Насловна / Архитектура / Ова е градот со најмногу облакодери во светот

Ова е градот со најмногу облакодери во светот

Град каде што секој поглед е исполнет со стакло, челик и високи кули. Каде и да погледнете, хоризонтите се преполни со футуристички силуети. Запознајте ја метрополата на облакодери, кои изникнале од чист недостаток на простор.

На праѓањето каде има навеќе облакодери, одговор дала организацијата Council on Tall Buildings and Urban Habitat, која одлучила сите – да ги изброи. Резултатот? Апсолутен победник е Хонгконг – азиската метропола која денес ја носи титулата „највисок“ град во светот, со дури 560 официјални облакодери. Нема друг град кој успеал толку спектакуларно да го скроти ограничениот простор и да го претвори во чисто архитектонско чудо – како создадено за снимање научна фантастика.

Во Хонгконг, секој квадратен метар има своја цена – буквално. Ридестиот терен и густата населеност ги принудиле урбанистите да ја заборават ширината – и да одат како ракета – кон висината. Така е роден еден од најмодерните градови на планетата.

International Commerce Centre

Меѓу џиновите што доминираат на хоризонтот, се издвојува International Commerce Centre – зграда висока 484 метри со 118 ката, која не само што изгледа како да дошла од иднината, туку е и една од најодржливите градби во светот. Тука се и други великани, како Two International Finance Centre (416 м) и Bank of China Tower, култна, асиметрична кула проектирана од И.М. Пеи, инспирирана од бамбус – симбол на сила, флексибилност и раст.

Two International Finance Centre

А како се наближува ноќта… градот се претвора во сцена од дигитален сон. Секој ден, по 20 часот, светлата Symphony of Lights – најголемите светлосни инсталации во светот – ги осветлуваат фасадите на облакодерите и го претвораат градот во подвижна уметничка галерија под ведро небо. А луѓето стојат на шеталиштето, го гледаат тоа чудо и се прашуваат – дали е ова реалност?

Bank of China Tower

Секако, другите светски гиганти не спијат. Њујорк, Дубаи – секој има со што да се пофалат. Но, Азија игра во друга лига. Меѓу 20. највисоки градови во светот, дури 11 од нив се во Кина. Луксуз, амбиција и архитектонска визија – сè тоа расте, буквално.

Топ 20 градови со најмногу облакодери во светот:

  1. Хонгконг, Кина
  2. Шенжен, Кина
  3. Њујорк, САД
  4. Дубаи, ОАЕ
  5. Гуангжоу, Кина
  6. Шангај, Кина
  7. Куала Лумпур, Малезија
  8. Вухан, Кина
  9. Токио, Јапонија
  10. Чонгкинг, Кина
  11. Чикаго, САД
  12. Бангкок, Тајланд
  13. Ченгду, Кина
  14. Џакарта, Индонезија
  15. Мумбај, Индија
  16. Торонто, Канада
  17. Шенјанг, Кина
  18. Сингапур, Сингапур
  19. Нанинг, Кина
  20. Хангџоу, Кина

Ако висината симболизира амбиција, Хонгконг е нејзиниот најсмел израз. Град кој не познава граници – освен оние што одлучил да ги надмине.

Испрати коментар

Scroll To Top