Насловна / Арт и дизајн / Оштетени уметнички дела во зградата на Капитол

Оштетени уметнички дела во зградата на Капитол

Првата среда во 2021 година светот го обиколија снимки на маса луѓе кои влегуваат во зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон, кои престојуваа во канцелариите, но и позираа со скулптури и слики и со себе носеа „сувенири“.

2_resize

Бројни уметнички дела неколку часа беа оставени на милост и немилост на луѓето кои маршираа кон Капитол. Сè уште се утврдуваат последиците од дивеењето во зградата која се сметаше дека е симбол на демократијата.

1_resize

На една фотографија од настанот може да се види мермерна биста на поранешниот претседател на САД, Zachary Taylor од 19 век, прошарана со нешто што личи на крв, а на друга  рамка од слика на подот, но се чини дека сликата ја нема. Еден човек во ранец ставил врамена фотографија од Далај Лама, друг пушел марихуана во просторијата со мапа од Орегон на ѕидот, а третиот искинал свиток со кинески знаци.

4_resize

„Уметничките дела на американскиот Капитол беа изложени на солзавец и спреј за време на упад на десничарски разбојници и ќе им треба чистење и реставрација“, изјави Erin Courtney, портпарол на сојузната агенција Architect of Capitol (AOC) која се грижи за уметничките дела и архитектурата на Капитол по првите прегледи на зградата.

5_resize

„Нашата првична проценка е дека најголемиот дел од штетата е ограничен на скршено стакло, скршени врати и графити. На западната фасада, екипите забележаа графити, во близина на трибините за инаугурацијата и две скршени светлечки тела.“ Статуите, фреските и парчињата мебел, како што објави Courtney, претрпеле различен степен на оштетување – пред се од примена на спреј, солзавец и апарати за гаснење пожар и ќе треба да се исчистат. Таа истакна дека AOC има тим што може да ги реши сите потребни поправки.

3_resize

Barbara A. Wolanin, пензиониран кустос на АОС, изјави дека ова е прв пат колекцијата на Капитол да биде загрозена до оваа мерка. Како што откри таа, одделни парчиња претрпеле „мала“ штета во минатото – последен пат во 1998 година кога напаѓач упаднал во зграда, убивајќи двајца полицајци и ранил турист пред да биде уапсен. Последниот упад на голема, насилна група луѓе била за време на војната во 1812 година, пред повеќе од 200 години, кога британските трупи ја запалиле зградата.

6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top