Насловна / Арт и дизајн / Oтворена покана за изложбата „Бесконечност“ на Петре Николоски

Oтворена покана за изложбата „Бесконечност“ на Петре Николоски

Националната галерија на Македонија во рамки на овогодинешната програма ќе ја организира изложбата на Петре Николоски насловена БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity) во текот на месец ноември 2018 година. По тој повод, предвидена е и пропратна активност, со цел собирање на „граѓа“ за градење на просторните инсталации и скулптури од 30 јануари до 13 февруари во Чифте амам.

„… Книгата/Библиотеката ќе биди метафора и исто така примарен материјал во моделирањето на овие две (6 и 4 метри високи скулптури) во форма на обелиск чиј резултат ќе зависи од алтроистичкиот придонес на авторите на пишаниот збор и оние за кои книгата е поглед во вистината.“unnamed1

Како дел од долгорочниот проект „Кожата на Прилепското Поднебје“ минативе неколку години со Градската Библиотека Борка Талески во Прилеп, Николоски работел на планирање на ликовни дела инспирирани од Книгата/Библиотеката на кои размислувања се приклучи Националната и Универзитетска Библиотека Св. Климент Охридски во Скопје, а финалниот резултат ќе биди изложен во „Даут-пашин“ и „Чифте Амам“ во организација на Националната Галерија на Македонија.

Со таа цел се испраќа отворена покана до писателите, во широка смисла на зборот, исто така, и до членовите на научни, културни и образовни институции и оние кои самостојно делуваат и преку пишаниот збор ја дефинираат мислата, вклучувајќи педагози и читатели, за ваш придонес во реконструкцијава на сознанијата  за менталната мапа на Македонскиот и Прилепскиот Современ Пејсаж.

По примерот на ова искуство ќе се направат слични соработки со селектирани меѓународни библиотеки и културни институции!

Објаснување:

Придонесот на авторите на пишаниот збор: по можност да донираат без ограничување и цензура по два примероци од исто објавено дело, а придонесот на читателите ќе биди по една книга исто така без количинско ограничување и цензура. Примероците ќе бидат трајно изложени на полицата за книги (објаснето подолу) додека во моделирањето на скулптурата волуменот на овие книга ќе биде заменет со идентични дрвени копии.

Заради комплексноста:

Од 30 јануари до 13 февруари во Чифте Амам во Скопје ќе се одржи  изложбата Приватно –Јавно, на која ќе биде представена идејата за делата ‘Бесконечност’, каде што покрај редовните посетители на галеријата ќе бидат поканети представници на издавачките куќи, и сите погоре спомнати преку изложените макети и скици ќе го видат нивниот потенцијален алтроистички придонес во овие колективни ликовни дела.unnamed

Заради несебичниот придонес на сите вклучени во изведбата, овие дела ќе бидат одстапени на неограничено користење на Националната Галерија, Прилепската и Националната и Универзитетска Библиотека во Скопје.

Техничко појаснување:

Делата БЕСКОНЕЧНОСТ ќе бидат сочинети од три единици од кои во моделирањето на скулптурата ќе биде употребена едната книга на авторите, а другата ќе биди редоследно поставена на специјално направената полица, а во урамен графички приказ ќе бидат редоследно напишани насловите на книгите, имињата на нивните автори и донаторите.

За собирното место за вашиот алтроистички придонес ќе бидете информирани за време на изложбата Приватно-Јавно во Чифте амам.

Пример за неколку дела кои биле резултат на слични соработки:

Социјално еколошката состојба на ‘Пејсажот што ме опкружувае во центарот на творештвото на Петре Николоски и често е резултат на соработка со професионалци но и личности кои по прв пат се соочуваат со ликовно дефинирање на мислата.

Подетално за долгорочниот пројект ‘Кожата на Прилепското Поднебјеφ21°33′, λ41°21′ види“<http://www.diary.petrenikoloski.com/pp/index.php>, за македонска верзија одбери горе лево во квадратчето (Select language:Makedonski).

Петре Николоски е роден во Прилеп, а од 1990 година живее во Англија.

Самостојни изложби (избор) – Музеј на Современа Уметност, Скопје (2011, 2004, 1989);KolegijumArtistikum, Сарајево, Босна и Херцеговина (2010);Norden Farm, Мејденхед, Англија (2003);Модерна Галерија, Панчево, Србија (2003, 1989); Монсараж, Португал (2003);Open Hand/Open Space gallery, Рединг, Англија (1989);Tasmanian School of Art во Лонцестон, Тасманиа, Аустралија (1997);Irwel Way Sculpture Trail, Розендел, Ланкеша, Англија (1994);Venice Biennale, Венеција, Италија (1993);Leeds City Art Gallery, Леедс, Англија (1993);St George’s Church, Bloomsbury, Лондон иLondon Ecology Centre, Англија (1992); Leeds Art Space Society, Леедс, Англија иHarlow Carr Botanical Gardens, Харогат, Англија (1991); Grizedale Forest, Sculpture Trail, Камбриа, Англија (1990).

Групни изложби (избор) – KolegijumArtistikum, Сарајево, Босна и Херцеговина Sarajevo (2009); МКЦ , Скопје(2008); Collins Gallery, Глазгов, Шкотска (2007);Модерна Галерија, Панчево, Србија (1999, 2002); Stanley Picker GalleryКингстон на Темза, Англија  и Edinburgh City Art Gallery, Единбург,Шкотска (2000); Sacuyazawa Village, Yamagata Prefecture, Jапониа; Sabancy Art Centre, Yildiz Technical University, Истамбл, Турција (1997); Ernst Museum, Будимпешта, Унгарија, Kunst Bunker, Нинберг, Германија иBANFF Centre for the Arts, Банф, Алберта, Канада (1994); Hatfield University, Хатфилд, Англија (1992); Cherry Hinton Hall Park, Кембриџ, Англија (1991).

За соработниците и институциите чиј придонес бил пресуден во изведба на некои од овие случувања и пошироко може да се види на линкот <http://www.diary.petrenikoloski.com/pp/index.php >во делот‘за афторот’во биографијата – SOME PEOPLE AND INSTITUTIONS WHO TOOK PART IN MY WORK SINCE 1984.

Куратор на изложбата е Ана Франговска.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top