Насловна / Вести / Отворена изложбата „Конекција 2“ на македонски уметници во Софија

Отворена изложбата „Конекција 2“ на македонски уметници во Софија

 

Ликовните уметници Иво Пецов, Зоран Мише, Павел Целкоски, Марјан Ѕин, Адриана Јованоска, Горан Тричкоски, Иван Стоименов и Зоран Георгиев, обединети во концептот „Конекција 2“, се претставија со свои најнови дела од областа на графиката, скулптурата, сликарството, уметничката обработка на метал.

Галерискиот простор на Македонскиот културен центар во Софија беше претесен да ги прими стотиците љубители на уметноста на младите македонски ликовни уметници, кои својот најнов ликовен опус го презентираат и во бројни познати ликовни галерии низ Софија и Бугарија.

Концепцијата „Конекција“ е плод на соработката на КИЦ на Република Македонија во Софија и македонските студенти кои дипломираа или завршуваа постдипломски и докторски студии на Националната ликовна академија во Софија.

Првиот заеднички проект беше реализиран во јули 2012 г., минатата година заеднички беа остварени две изложби во Благоевград и Велико Трново, а годинава освен изложбата во Софија, оваа изложба ќе биде претставена во градовите Русе, Пловдив, Созопол и Харманли.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top