Насловна / Вести / Отворен контакт центар во Агенцијата за катастар на недвижности

Отворен контакт центар во Агенцијата за катастар на недвижности

katastar

Граѓаните и професионалните корисници од денеска ќе можат да добиваат информации  за недвижностите преку современиот контакт-центар на бесплатната телефонска линија 0800 80 800.

„Една од придобивките од формирањето на Контакт центарот е и можноста преку директните јавувања на бесплатната телефонска линија да се следи и задоволството на клиентите од работата на Катастарот, но и можноста апликациски да се креираат и следат анкети со цел да се добијат подетални информации од поширок круг на корисници за задоволството од добиените услуги на Катастарот“, истакна директорот Славче Трпески на денешната промоција на Кол центарот.

До Агенцијата за катастар на недвижности ќе можат да се пријават сите забелешки, мито,  корупција и да се бараат информации за конкретен предмет.

Посебни инфо линии ќе бидат наменети за странски инвеститори и домашни компании.

Испрати коментар

Scroll To Top