Насловна / Вести / Отворен гасоводот „Силата на Сибир”, вредноста на проектот преку 400 милијарди долари

Отворен гасоводот „Силата на Сибир”, вредноста на проектот преку 400 милијарди долари

Во Кини и Индија расте побарувачката за нафтом и гас, а Русија има голем потенцијал поради својата географска положба и природните ресурси. Поради тоа Русија и азиските џинови ја засилуваат соработката во енергетскиот сектор. Оваа соработка има огромна перспектива како што изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак по повод оваа соработка „Азијско-пацифичкиот пазар ќе се развива, економијата ќе расте побрзо, веројатно два пати побрзо од светскиот просек“.
Па така денес претеседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, официјално по пат на видео-конференција го пуштија во работа еден од најдолгите гасоводи на светот – „Силата на Сибир”, преку кој гас од Русија ќе се испорачува во Кина.

сиб
„Силата на Сибир” е проект на рускиот „Гаспром” и Кинеската национална нафтна компанија, а преку гасоводната мрежа долга 4.000 километри годишно ќе можат да поминат до 61 милијарда кубни метари природен гас, вклучувајќи и 38 милијарди за извоз во Кина.
Договорот е склучен на 30 години, а неговата вкупна вредност е околу 400 милијарди долари.
Путин преку видео-конференције оцени дека отварањето на гасоводот „Силата на Сибир” ја подигнува руско-кинеската енергетска соработка на ново ниво.
„Овој чекор ја подигнува руско-кинеската стратешка соработка во областа на енергетиката на квалитативно ново ниво и не приближува до задачата која си ја поставивме со кинескиот претседател, до 2024. година да се постигне билатерална трговија до 200 милијарди долари”, изјави рускиот претседател на церемонијата на отварањето.

сиб1
Претседателот на Кина итакна дека на прво место треба да се осигура безбедноста и сигурноста на работата на гасоводот, а потоа оди грижата за животната средина.
„Важно е да се обрне особено внимание на заштитата на животната средина, да се води сметка за експлоатацијата на ресурсите во интерес на зелениот, еколошки чистиот, енергетски ефикасниот развиток и развиток со ниска емисија на јаглерод диоксид“ изјави Си.

сиб3

Испрати коментар

Scroll To Top