Насловна / Вести / Отворен е натпреварот „Зелени идеи 2021“

Отворен е натпреварот „Зелени идеи 2021“

На онлајн настанот на 06-ти април, АРНО го одбележа официјалниот почеток на натпреварот за зелени идеи и ги повика граѓаните кои сметаат дека имаат идеја за зелен, одржлив бизнис да аплицираат до 12-ти мај.  Пријавите за натпреварот и сите информации се достапни на веб-страница: https://zeleniidei.mk/.

Отворен повик за Зелени идеи 2021-2

„Немаме што да кажеме многу паметно во пандемија во која се губат работни места, човечки животи. Ние само може гласно да си потврдиме дека иднината на економијата ја гледаме во социјалното и зеленото претприемништво, во бизнис моделите во кои јасно се гледа грижа за луѓето и искрен однос кон животната средина. Нашите граѓани имаат капацитет да бидат и искрени и иновативни, тоа го гледаме преку освојување на регионалните награди секоја година. Ние сакаме во периодов што е тежок и неизвесен да им понудиме на граѓаните предизвик да размислуваат за зелени бизниси, а сакаме и да понудиме и поддршка на домашната зелена економија.“  – изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Оваа година, АРНО ќе додели 1000 долари за бизнис концептот и по 2000 долари за бизнис идеите кои ќе бидат избрани во финалето како три македонски победнички идеи. Дополнителна поддршка ќе доделат и партнерите: Фонд за иновации и технолошки развој, МКА2000 и Македонија 2025.

Отворен повик за Зелени идеи 2021

Во тек е пријава за работилници за апликанти кои сакаат да добијат поддршка и менторство за пополнување на формуларите, и повик за бесплатен промотивен материјал за сите кои сакаат да добијат еко-картичка од која никнува цвеќето пркос.

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја. Деталите за натпреварот се наоѓаат на веб страницата https://zeleniidei.mk/.

Повеќе информации можат да се добијат на 077 855 832  или на e-mail arno.mkd@gmail.com

Отворен повик за Зелени идеи 2021-6

****

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува  развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во нашата земја и во Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворица победници од регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја. Активностите на регионалниот натпревар „Зелени идеи“ се финансирани од Фондот на браќата Рокфелер (RBF), Балканскиот фонд за демократија (BTD), УСАИД и кофинансирани од Еразмус+ програмата.

Досега, во нашата земја се инвестирани 70.000 долари во 7 македонски победници на регионалните натпревари: Кооперативата на органски потрошувачи „Наша добра земја“, фирмата за репарирање и реупотреба на стар мебел „СПИН“, Еко-магионичарот Кристиан Шопов, стартапот „Храна за сите“ Challenger- мобилна апликација што ги наградува сите еколошки одговорни корисници,  био смарт ориз (ориз добиен преку иновативни еколошки практики) на кооперативата „Оризова братимка“ и WISE Group со идејата за преработка на комиње во прехрабен адитив.

Испрати коментар

Scroll To Top