Насловна / Арт и дизајн / Bird lamp – светилка што ја внесува природата во домот

Bird lamp – светилка што ја внесува природата во домот

Инспирирани од величественоста на птиците што седат на дрвото, Valco & Joco дизајнираа уникатна ламба што го носи името – Bird lamp.

lamba

Тоа е LED рефлектор со минималистички пристап конструиран исклучиво од метални цевки. Овие дизајнери едноставно уживаат во намалувањето на материјалите и облиците на апсолутен минимум, па затоа ја создадале ламбата што на уникатен начин создава помалку отпад во процесот на производство.

lamba1

Алуминиумската основа е прилагодлива, што овозможува да се изберат висината и аголот што се потребни. Топлото бело светло создадено од оваа интересна ламба ќе ја претвори секоја соба, било да е тоа дневна, работна или спална соба, во совршено место со софистицирано осветлување. Вклучувањето и исклучувањето на светилката е со рака, но имаи бесконтактна верзија, што додава целосно ново ниво на корисничкото искуство.

lamba2

Расположението во просторијата се менува во зависност од осветлувањето и вистинската ламба може да ве смири и забави за да уживате во секој момент. Дизајнерите се обиделе да го повторат ефектот на „весело тропање на крилјата на птиците за време на раните утрински часови“, со цел да создадат тивка и мирна атмосфера со помош на оваа ламба. Bird Lamp користи топло бело светло за да создаде идилична атмосфера во просторот. Оваа уникатна светилка скоро да може да се слушне во просторот, а нејзиното „цврцкање“ е многу пријатно.

lamba3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top