Насловна / Вести / Отворањето на „Икеа“ во Хрватска на 21 август

Отворањето на „Икеа“ во Хрватска на 21 август

ikea hrvatska_4

По шест години од купувањето на земјиштето во близина на Загреб и инвестиција од 100 милиони евра, познатата стоковна куќа „Икеа“ конечно пристигнува во Хрватска.

ikea hrvatska_5
Овој објект на „Икеа“, во населбата Ругвица во близина на Загреб, од 38.000 квадратни метри ќе биде најголем во регионот, дури и поголем од оној во Грац. Менаџерот на „Икеа“ во Загреб Георг Платцер изјави во интервју за „Јутарњи“ дека во првата година се очекуваат три милиони посетители, како и 60 милиони евра промет.

ikea hrvatska_1
Платцер очекува купувачи од Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.
Георг Платцер најави дека во загребската „Икеа“ ќе може да се купат сите 9.500 производи на Икеа и цените на производите ќе бидат пониски отколку во Австрија, иако данокот во Австрија е 20 а во Хрватска 25 отсто. Планот е исто така, на лагер да ги има сите производи, а клиентите да можат веднаш да ги носат дома.
За самото отворање на 21 август, „Икеа“ не планира никаква посебна акција или попусти поради стравот од преголем метеж.ikea hrvatska_2 ikea hrvatska_3 ikea hrvatska_6

Испрати коментар

Scroll To Top