Насловна / Вести / Откриено спомен обележјето „Богојавление-Водици“ во Охрид

Откриено спомен обележјето „Богојавление-Водици“ во Охрид

Spomen obelezje Bogojavlenie Vodici Ohrid

Со пригодна свеченост во центарот на Охрид, кај градското пристаниште, викендов беше осветено и отворено новото спомен-обележје „Богојавление-Водици“, подарок од проф. др Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на градежната компанија „Адора Инженеринг“, кум на манифестацијата „Водици-Охрид, 2012“. Настанот го отвориле градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески, претседателот на здружението Богојавление-Охрид Љупчо Арнаудов и донаторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец. – Спомен-обележјето „Фаќач на крст“ го заслужуваат сите генерации охриѓани, кои биле и се дел од прославата Богојавление-Водици, по која Охрид е познат во светот, кај православните верници и туристите кои ја почувствувале величенственоста на овој верско-туристички спектакл. Спомен обележјето „Фаќач на крст“ е посветено на сите фаќачи на животворниот крст на Водици, на сите капачи кои скокаат по крстот и на илјадниците православни верници кои од дамнина до денес ја сочувале богатата Богојавленска традиција во Охрид“ – порача Ванчо Чифлиганец, pokies online донатор на споменикот за Водици во Охрид.Otvoranje na spomen obelezje Vodici
-Ова спомен обележје , на самиот брег од нашето езеро непосредно до местото каде илјадници граѓани секоја година чекаат да видат кој ќе го извади крстот од езерото е симболизација на верата православна и богољубието. Ова обележје ќе биде и своевиден раскажувач на оваа православна охридска традиција, порача градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески.
- Споменикот „Фаќач на крст“ го прикажува тоа што се случува на одбележувањето на празникот Водици во Охрид кога се покрстуваат водите на Охридското Еезро. Ова спомен-обележје е за сите досегашни и идни фаќачи на крстот – рече Љупчо Арнаудов, претседател на здружението „Богојавление-Охрид“.
Спомен-обележјето „Фаќач на крст“ е скулптура излеана во бронза, висока три метри, дело на авторот м-р Ангел Коруновски, академски скулптор од Велес, претстава на чинот на вадењето на крстот од осветените езерски води на празникот „Богојавление“ во Охрид, поставена на постамент висок два метри, изработен од релјефен камен-мермер со ранохристијански мотиви и сцени на светиот крст и празникот „Богојавление“.

Lokalna samouprava zdruzenie Bogojavlenie donator na spomenik Vodici

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top