Насловна / Вести / Откриено најголемото наоѓалиште на природен гас во светот?!

Откриено најголемото наоѓалиште на природен гас во светот?!

Pole na priroden gas

Италијанската енергетска компанија Eni тврди дека го пронашла едно од најголемите наоѓалишта на природен гас, што се наоѓа на брегот на Египет. Областа била 1450 метри под површината и опфаќала 100 квадратни километри. Според Eni, овде е можно да има резерви од 850 милијарди кубни метри гас, соопшти BBC.

Компанијата, посочува  дека полето може да се претвори во едно од најголемите наоѓалишта на природен гас во светот и да ги обезбеди целосно потребите на Египет  од природен гас, за многу децении.

Eni која има целосни концесионални права врз регионот, е најголемата странска енергетска компанија во Африка.Во јуни оваа година фирмата потпиша договор за истражни работи и студии за нови наоѓалишта на енергенти со египетското Министерство за нафта во вредност од 2 милијарди долари. Со ова компанијата доби зелено светло да истражува во Синај, во Суецкиот залив, по Медитеранот и во областите во делтата на реката Нил.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top