Насловна / Вести / Организациите за заштита на животната средина ја одложија изградбата на фабриката на „Тесла“ во близината на Берлин

Организациите за заштита на животната средина ја одложија изградбата на фабриката на „Тесла“ во близината на Берлин

Вишиот административен суд во Германија привремено ја спречи подготовката на градилиштето за новата фабрика на компанијата „Тесла“ во близина на Берлин, откако локалните движења за заштита на животната средина се жалеле поради сечењето на шумата, што е предуслов за изградбата. Иако производителот на електричните автомобили сеуште ги нема сите потребни дозволи, минатат недела започна со сечење на 91 хектар шума, на местото каде треба да се лоцира производната линија. Сечата ќе биде забранета додека не се заврши жалбената постапка на коалицијата од невладини организации пред надлежните судови.

„Тесла“ неодамна купи 300 хектари во близина на Грунајд кај Берлин, за изградба на т.н „Гигафабрика“ која до 2021 година би требало да произведува 10.000 возила неделно и да вработува до 12.000 работници. Граѓаните на Грунајд набрзо потоа почнале да организираат протести, наведувајќи дека не биле консултирани од страна на локалните власти во врска со проектот.

teslaberlin1

teslaberlin2

teslaberlin3

teslaberlin4

Испрати коментар

Scroll To Top