Насловна / Вести / Општина Кисела Вода – скопски шампион во собирање на отпадни батерии

Општина Кисела Вода – скопски шампион во собирање на отпадни батерии

kisela voda

Со собраните 157 килограми отпадни батерии, учениците од општината Кисела Вода ѝ го обезбедија на својата локална заедница првото место во градот и второто во државата на ова поле

Овој еколошки подвиг за кој општината доби сертификат, децата го направија во рамките на проектот за собирање отпадни батерии „Гоу клин“. Акцијата ја спроведе невладината организација „Гоу грин“, во соработка со седум општини од целата држава. Во проектот учествуваа 74 училишта, а активностите за собирање беа спроведени од 15 април до 15 ноември оваа година.

На овој начин, велат од Кисела Вода, младите дадоа свој придонес во поттикнување на свеста за опасностите од несоодветен третман на овој отпад и потребата за негово рециклирање.

kisela voda (2)

Соработката на општина Кисела Вода со „Гоу грин“ продолжува и понатаму. Со едукативни работилници низ училиштата, токму од општина Кисела Вода започна одбележувањето на  „ЕУ Недела за помалку отпад“, која трае од 22 до 30 ноември, и претставува главен настан во Европа за подигнување свест и едукација на темата управување со отпад.

Испрати коментар

Scroll To Top