Насловна / Вести / Општина Центар затвори градилиште на нелегална градба

Општина Центар затвори градилиште на нелегална градба

Од општина Центар соопштуваат дека овластен градежен инспектор на општината со полициска придружба денеска затворил нелегално градилиште во населбата Кале, откако во текот на вчерашниот ден е донесено решение за отстранување на повеќе градби – потпорни ѕидови; оградни ѕидови; помошни објекти и доградба.

1
На инвеститорот на градбата од страна на општината му било наложено веднаш да престане со градење и да ги отстрани дивоградбите. Откако тој не постапил по налогот, овластениот градежен инспектор го затворил градилиштето.
Инвеститорот гради огромна градба без никаква документација и на незаконски начин, со што зафаќа дел и од строго заштитената зона за градење, односно тврдината Кале.

3
Општина Центар вели дека ја продолжува борбата со незаконските градби, а овластените општински инспектори ќе продолжат да постапуваат по решенијата за нелегално градење и во наредниот период.

4

2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top