Насловна / Архитектура / Куќа за одмор на Корчула

Куќа за одмор на Корчула

Прекрасниот остров на Јадранското море е побогат за ново архитектонско дело, проектирано по мерка на човекот и во духот на изворните вредности на градителското наследство на локалната средина.

13
По проект на архитектот Ведран Јукиќ од бирото SODAarhitekti на Корчула, Хрватска никна куќа за одмор Tinel. Стрмите и тесни парцели со релативно мала површина и северните падини во голема мера го условиле проектантското решение, а се со цел да се направи што поудобен амбиент за престој.

14
Како што наведуваат архитектите, при проектирањето се водело сметка за примена на изворните вредности на градителското наследство, како што се едноставност, функционалност и проектирано по мерка на човекот. Зградите се проектирани на современ начин за да се остварат нови вредности во склад со денешниот начин на живот и ново користење на просторот. Желбата била пропорциите и големината на објектите да бидат максимално ускладени со традиционалната архитектура на местото.

23

22
Објектот е сместен на изразито стрм терен. Архитектите се трудел максимално да ја вклопат куќата во околината и таа да се поврзе со парцелата. Објектот е обликуван е како полувкопан во едноставни, помали волумени кои меѓусебно се во таква релација со што се отвараат богати просторни односи на внатрешниот и надворешниот простор. Применети се рамни кровови како елементи кои овозможуваат максимално користење на надворешниот простор и боравок на отворено, што е важна карактеристика на медитеранската архитектура.

1
Целата парцела е обмислена како една градба која се состои од простори со различен карактер.
Погодната локална клима овозможува бујни медитерански растенија, па и хортикултуралното уредување е мошне важаен фактор на локалното место.

20

5
Награди и признанија: Леонардо 2015.– 2. награда во категорија проекти на семејни куќи, Минск
Изложби: VI. бенале на млади архитекти, Минск | Леонардо 2017– Изложба на наградени трудови во Здружението на архитекти на Русија, Москва | 20. Салон на архитектура, Нови Сад

7

17

6

18

21

8

4

9

10

26

3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top