Насловна / Вести / Општина Центар започнува со реконструкција на 35 улици на Водно

Општина Центар започнува со реконструкција на 35 улици на Водно

Општина Центар започнува со акција за реконструкција и санација на ударните дупки на улиците на територијата на Водно.

Слика (4)

Ова е со цел за подобрување на безбедноста и намалување на опасноста од оштетувања на автомобилите.

Станува збор за 35 улици, за кои граѓаните пријавија дека има оштетувања, што беше констатирано и од надлежните во општината.

Слика (2)

Обезбедени се 1.000  тони асфалт.

Општина Центар апелира до жителите од овој дел на Центар да пријават оштетувања, за да можат службите веднаш да интервенираат.

Општината е отворена за  соработка со граѓаните и за брзо решавање на нивните проблеми.Слика (1)

Телефон за контакт и за пријавување 3 203 614 и 075 437 069 (Кети).

Испрати коментар

Scroll To Top