Насловна / Вести / Општина Центар реконструира дел на „Ленинова“

Општина Центар реконструира дел на „Ленинова“

Општина Центар започна со третиот дел од реконструкцијата на улицата „Ленинова“, во должина од 310 метри, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“. Коловозот беше во лоша состојба, со ударни дупки и прекопи и граѓаните се жалеа на безбедноста на движење и возење.Ул. Ленинова (5)

Се вади тампонскиот материјал и се вградува нов тампонски слој. Ќе се постави нов асфалт на цела должина на коловозот, на површина 4500 м2.

На овој потег од „Ленинова“ никогаш немало атмосферска канализација и затоа доаѓаше до мешање на  атмосферската со фекалната канализација, како и до создавање на вирови после секој поголем дожд.Ул. Ленинова (7)

Нова атмосферска канализација, која ќе ги прифати атмосферските води од улицата, ќе се изгради во должина од 160 метри.

По комплетирање на третата фаза, општина Центар ќе ја реконструира улицата „Ленинова“ и на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Клубот на пратеници.Ул. Ленинова (1)

Испрати коментар

Scroll To Top