Насловна / Вести / “Општина Центар – општина на светлината”, нов проект на Центар

“Општина Центар – општина на светлината”, нов проект на Центар

pres-14-9-2016-1

Градоначалникот и советниците на општина Центар, на денешната прес конференција најавија нов и амбициозен проект за модернизација на системот на јавно осветлување. Ќе се воведе ЛЕД технологија на улично осветлување, со современи техники на управување и надзор.

Со ова, граѓаните на Центар ќе добијат безбедност, економичност, автоматски систем за регулација и детекција на дефектите, отстранување на нелегалните осветлувања, усмерена светлина, која нема да пречи на станарите од пониските спратови и заштита на животната средина.

Еве што Жерновски кажа на прес-конференцијата:

“Живиот и динамичен сообраќај  во срцето на градот носи и свои предизвици. Еден од проблемите со кои континуирано се соочуваме е соодветното осветлување на јавните површини. За жал, со сегашната состојба на системот за јавно осветлување, не бевме во можност да создадеме услови какви што заслужуваат нашите граѓани. Застaрените системи, недоволната застапеност на канделабри и старите светилки претставуваа голем проблем за општина Центар. Токму затоа, донесовме одлука за модернизирање на системот за јавно осветлување.  Воведуваме ЛЕД технологија на улично осветлување, со современи техники на управување и надзор. Благодарение  на нивните бројни предности, ЛЕД светилките се сметаат за тренд во современото јавно осветлување“.

Според него, бенефитите од оваа крупна инвестиција во инфраструктурата се на повеќе нивоа. Што всушност ќе добијат граѓаните? Безбедност – целосна осветленост на јавни објекти, училишта, градинки, игралишта. Економичност – заштеди од 60 до 80% за трошоци на електрична енергија и одржување. Автоматски систем за регулација и детекција на дефекти. Ќе се отстранат нелегалните поврзувања. Насочена светлина која нема да смета на станарите од пониските спратови на зградите. Се заштитува животната средина

Линк од промотивно видео: https://youtu.be/dX6o6sgLOS8

Испрати коментар

Scroll To Top