Насловна / Вести / Општина Центар ќе ја урива дивоградбата на улиците „Самоилова“ и „Никола Карев“

Општина Центар ќе ја урива дивоградбата на улиците „Самоилова“ и „Никола Карев“

Градоначалникот на општина Центар го потпиша барањето до МВР за давање помош при извршување на управни акти, за решението за отстранување на дива градба на аголот на улиците „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“.

Претходно е завршено барањето за јавна набавка и договорот со фирма која ќе ја урива дивоградбата. За отстранување на дивата градба сега се чека одлуката и одобрението на МВР за асистенција, кои имаат пет работни дена за изјаснување.centar

Овластен градежен инспектор на општина Центар во декември го затвори градилиштето за да се стопира градењето на диво. Кога објектот беше во фаза на ископ, инспекторот донесе решение за враќање во првобитна состојба, а решението никој не го примил и непознатиот инвеститор продолжил со градбата без неопходната техничка документација.

Овластен градежен инспектор на општина Центар беше на терен, заедно со градежен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, при што и двајцата инспектори констатираа дека се работи за дивоградба.

Неколкупати на објектот беше оставана покана за инвеститорот да дојде во општина Центар, но на ова никој не се одзва. Инвеститорот, кој по решението за затворање на градилиштето и по затворањето на истото со лента, иако требаше да престане со градежните активности и да пристапи кон отстранување на дивата градба, продолжи со работа.

Затоа, градоначалникот ги потпиша документите за да може да се започне со уривање на дивоградбата.

Општина Центар и натаму внимателно ја следи состојбата на терен и нема да дозволи дивоградби на територија на општината.

Испрати коментар

Scroll To Top