Насловна / Вести / Општина Центар ги реконструира фискултарната сала и аулата во Ј.Х.Песталоци

Општина Центар ги реконструира фискултарната сала и аулата во Ј.Х.Песталоци

pestaloci (3)

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на фискултурната сала и аулата во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Во фискултурната сала беше поставен нов, високо квалитетен дабов паркет на површина од 300 м2. Аулата го привлекува вниманието со интересен изглед – шаховска табла со фигури.

Утре, салата и аулата ќе бидат свечено отворени, а првиот шаховски потег ќе го повлече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.  Учениците конечно ќе можат да спортуваат во квалитетна сала.

Во ова училиште, конкретно во аулата и фискултурната сала не е интервенирано од неговата изградба, во далечната 1969 година.pestaloci pestaloci (3) pestaloci (4) pestaloci (5)

Овој објект, каде што се образуваат генерации млади од општина Центар е донација на швајцарската влада по земјотресот во Скопје и затоа општината беше особено внимателна да се задржи автентичноста и изгледот на објектот.

Утре, 13-ти ноември, денот на ослободувањето на Скопје, општина Центар ќе го отвори новиот, трет по ред пензионерски клуб. Со ова, општината јасно ја покажува својата грижа и за најмладите и за повозрасните генерации.

Пензионерите во Центар, во Урбаната Заедница „Дане Крапчев“, добиваат ново, урбано место за дружење и рекреација. Објектот на урбаната заедница е комплетно реконструиран, на површина од 30 м2.

Испрати коментар

Scroll To Top