Насловна / Архитектура / Опатија го добива првиот хостел

Опатија го добива првиот хостел

opatiska riviera so nov hostel Link_3
Поранешниот ловрански хотел Meridional наскоро ќе ги отвори своите врати во ново светло. Благодарение на инвестицијата на компанијата „Милениум хотели“ вредна пет милиони евра, во текот на месец фебруари ќе биде отворен првиот хостел на Опатијската ривиера – хостел Link. Интензивните работи траат од септември минатата година, а новоуредениот хостел ќе има 111 модерно и добро декорирани соби. Секоја соба ќе има своја сопствена бања, со што нивото на услугата и концептот вообичаен за сместување во хостел се креваат на повисоко ниво. Хостелот се наоѓа на неколку чекори од главната ловранска плажа и неколку минути пешачење од старото ловранско јадро.

opatiska riviera so nov hostel Link_1

Во рамките на хостелот, ќе биде уредена и кујна за подготовка на оброци , self-service перална за гости, примена соба со трпезарија , бар со тераса на отворено како и бар на горната тераса со прекрасен поглед на морето и на Кварнерскиот залив. Целиот проект за уредување на ентериерот и екстериерот се реализира во соработка со италијански дизајнери, а секој кат ќе има своја приказна и карактеристична боја, како и специјално осветлување. Посебно внимание се посветува на уредувањето на надворешните површини и хортикултура.

Инвеститорите целиот овој простор го замислиле како центар за одржување на разни урбани фестивали, работилници, проекции и други настани кои ќе ги собере младите од цела Европа, но и пошироко.

opatiska riviera so nov hostel Link_2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top