По децении пропаѓање, почна реновирањето на зградата на
Противпожарниот дом во Штип. Локалната самоуправа за оваа намена издвои околу
16.000 евра. Противпожарната зграда лоцирана близу крстосницата Дујле е стара
повеќе од 50 години, но досега не се преземени крупни реконструкциски зафати.
Пред извесно време се сменети вратите на гаражите, што во комбинација со новите
зафати ќе ја освежи зградата на пожарникарите.