Насловна / Вести / ХС„ЗЛЕТОВИЦА“: На тендерот за хидроцентралите пет мак-фирми

ХС„ЗЛЕТОВИЦА“: На тендерот за хидроцентралите пет мак-фирми

Image

Пет компании, сите македонски, доставија понуди со кои ќе се натпреваруваат на тендерот за избор на најповолен понудувач за изградба на седум мали хидроцентрали на браната “Кнежево”, која е главен хидротехнички објект од регионалниот Хидросистем “Злетовица”. Тендесрката комисија одлуката за изборот ќе ја соопшти во наредните триесетина дена. Инвеститор за изградбата на малите хидроцентрали, кои се трета фаза од проектот ХС “Злетовица”, е Јавното претпријатие “Злетовица” од Пробиштип. Според проектменаџерот на ЈП Тони Тоневски, кој е и претседател на тендерската комисија, седумте мали хидроцентрали ќе даваат секоја по 50 милиони киловат-часови на годишно ниво.

Откако комисијата ќе се одлучи за најповолната понуда, компанијата ќе мора да почне со работа најдоцна за една година. Освен што ќе произведува електрична енергија, ХС “Злетовица” ќе служи за водоснабдување на 100.000 жители од источниот дел на земјава, како и за наводнување на 3.100 хектари земјоделска површина. Вкупната вредност на инвестицијата достигнува 100 милиони евра.

 

И.С.

Објавено во број 93. 

Испрати коментар

Scroll To Top