Насловна / Архитектура / Омилената вила на принцезата Дијана

Омилената вила на принцезата Дијана

princeza dajana (6)

Сместена во предградие на Кејп Таун, оваа вила е во сопственост на братот на принцезата Дијана, Чарлс Едвард Морис Спенсер. Се наоѓа на имот кој зафаќа околу два хектари, а нејзината вредност е 10.434.980 евра. Принцезата Дијана била чест гостин на овој имот и тој бил омилено место за одмор и релаксација.

princeza dajana (5)

Главната резиденција на имотот има четири спални соби, и секоја е со своја приватна гардероба и бања. Пространа кујна со прекрасен бар за појадок и формална трпезарија, две тераси и работна соба, домашно кино, библиотека, винарска визба и многу повеќе се придобивките што оваа вила ги има.princeza dajana (4)

Исто така, во близина на вилата постојат три феноменални колиби за гости, две со две спални соби и една еднособна. Покрај тоа, тука е и двособна колиба за персоналот. Дополнителни погодности на оваа вила се базен, тениско игралиште, голем видиковец, две лозја и четири гаражи. Се разбира, тука се и феноменалните уредени градини, кои се совршени за уживање во попладневните часови. Исто така, оваа вила има свое лично осигурување.princeza dajana princeza dajana (3) princeza dajana (2)

Испрати коментар

Scroll To Top