Насловна / Арт и дизајн / Уникатно и модерно

Уникатно и модерно

frizersko_studio.jpg

Уникатен и модерен изглед се карактеристики на ентериерот на фризерското студио Panache кое се наоѓа во ТЦ Буњаковец. Едноставниот дизајн и употребата на неутрални тонови го прават просторот пријатен и атрактивен за посетителите. Просторот со правоаголна форма е околу шеесетина квадрати и има добра функционална шема.
Уште при самиот влез се организирани приемниот дел и малата чекална. Во останатиот дел од фризерскиото студио во различни простории се поставени различни столови, а во задниот дел се наоѓа мал магацин за потребите на фризерското студио. Ѕидовите се молерисани во неколку бои: бела, светлосива и виолетова. Исто така, тие се облагородени и со огледала по целата висина. Покрај огледалата е поставен декоративен тапет со флорални мотиви во сина боја. Останатиот дел од ѕидовите е изработен со декоративни апликации составени од стакленца во најразлични форми. Целосната опрема за потребите на фризерското студио е изработена од бел високо сјаен медијапан. Особено впечатлив е приемниот пулт во Г-форма, зад кој има полици со асиметричен распоред, исто така во бела боја. Ентериерот е дело на проектантското студио Stone Design.
 

frizersko_studio_1.jpgfrizersko_studio_2.jpgfrizersko_studio_3.jpgfrizersko_studio_4.jpgfrizersko_studio_5.jpg

Сања Величковска,
дипл.инж.арх. 

Испрати коментар

Scroll To Top