Насловна / Вести / Охрид доби спомен-плоча посветена на големиот Михајло Пупин

Охрид доби спомен-плоча посветена на големиот Михајло Пупин

Во рамките на официјалната програма за одбележување на патрониот празник на Охрид, Св. Климент Охридски – Чудотворец, се одржа свеченост на која беше откриена пригодна мермерна плоча посветена на Михајло И. Пупин на камбанаријата покрај црквата Св. Богородица Перивлепта, пишува Ohrid News.

Според информацијата, иницијативата е на ЛК Лихнидос од Охрид, кој ја подари плочата, која ја открија двајца потомци на Пупин од Македонија и Србија.pupin-ohrid

- Ова е голем ден да се обнови камбанаријата и да се потсетиме на Михајло Пупин. Денес тој ни е повторно потребен да им служи како пример на младите дека од овчар може да се стане и научник. Особено во ова време на лажни вредности и разно разни старлети и погрешни идоли кои ни се наметнуваат. Пупин треба да биде задолжителна литература во училиштата – рече неговиот потомок од Србија Стефан Пупин, кој специјално допатува во Охрид за овој чин.

Камбанаријата кај црквата Св. Богородица Перивлепта е изградена во 1923 година со средства од фондацијата на Михајло Пупин, кој многу ја почитувал Македонија, бидејќи неговата мајка потекнувала од овие краишта. Интересно е тоа што тој никогаш не дошол во Охрид, но под влијание на свештеникот Николај Владимировиќ кој му раскажувал за Охрид и неговата духовност и значење за православниот свет, Пупин, кој инаку бил многу побожен, издвоил средства за повеќе намени, меѓу кои и за изградба на камбанаријата, што во тоа време била најголема на Балканот, како и за изградба на поранешната „Радничка школа“ во која денес се наоѓа охридскиот Завод и Музеј, а го помагал длаборезот, но и образованието на сиромашни деца во Охрид.pupin-ohrid1

Камбаната за камбанаријата била лиена во Љубљана, Словенија, и тежела 2,5 тони. Патувала до Охрид со железница, а потоа и со запрега која ја влечеле волови. За да биде искачена на охридското кале бил изграден пат, раскажува историчарот, истражувач и научен работник, пензионираниот професор Павле Митрески.

Камбанаријата на Пупин денеска е целосно реновирана од страна на охридскиот Завод и Музеј. Како изгледала таа, но и Охрид во периодот кога е оригинално изградена во 20-тите години од минатиот век, охриѓани имаа можност да видат на фотографиите од изложбата што во црквата Св. Богородица Перилвлепта ја организираше клубот Лајонс Лихнидос. Изложбата ја помогнаа поединци и институции, меѓу кои и Завод и Музеј Охрид.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top