Насловна / Вести / Оглас за реконструирање на салата за седници на Советот на Центар

Оглас за реконструирање на салата за седници на Советот на Центар

opstina centar sala za sednici

Општина Центар ќе ја реконструира салата во која се одржуваат седниците на Советот, што се наоѓа во бараката број 6. Распишан е оглас во кој се бара изведувач на работите.
Општинските власти информираат дека комплетно ќе се менува с` за да им се овозможи и на граѓаните да учествуваат на седниците и да се доближат до локалната самоуправа. Ќе се реконструира површина од 150 квадратни метри, а проценетата вредност на градежните работи е околу 15.000 евра.
Финансирањето за реконструкцијата е обезбедено со грант од 15.000 долари од Фондацијата за отворено општество -Македонија, додека дел ќе биде покриено со пари од Општина Центар, информираат од Општината.

Испрати коментар

Scroll To Top