Насловна / Архитектура / Одржлив градски блок во Хамбург

Одржлив градски блок во Хамбург

Неодамна е завршен новиот градски блок KPTN во рамките на хамбуршкиот кварт HafenCity. Германската архитектонска компанија blauraum Architekten нашла инспирација за овој проект во историскиот хамбуршки кварт Speicherstadt познат по складиштата.

speicherstadt-titel

kptn1

Проектот го сочинуваат објекти со мешовита намена – пет згради кои со изгледот потсетуваат на тие историски складишта кои ги карактеризираат фасади од опека.  Градбите ќе штедат енергија и ќе бидат долгорочно прилагодливи. Со нивоата на потрошувачка на енергија кои се значително пониски од оние кои ги пропишува Германската директива за заштеда на енергија,  EnEV 2009, проектот е кандидат за добивање на  HafenCity (Gold) сертификат за заштита ан животната средина. KPTN е замислен како „град во град“ и содржи кино, театар, ресторани, барови, хотел, продавници, подземна јавна гаража и 220 станови кои ќе бидат доделени бесплатно, или ќе бидат одобрени субвенции за нивно купување.

И покрај разновидите содржини, овој отворен и флексибилен комплекс претставува единствена целина. Може да се перцепира како модерно, хибридно градско складиште кое одговара на сите променливи барања. Материјалите користени за проектот се одбрани во однос на трајноста и издржливоста, отпорноста на временските услови и сл. Вградени се и иновативни HafenCity прозорци со фиксни соларни импрегнирани компоненти и звучно изолирано застаклување.

kptn2

kptn4

 

Еден коментар

  1. Анонимен

    Perfektno…. prirodni materijali… a ne ko nasive debili so fasadi sto letaat na site strani i sto ne licat na nisto… muvlsouvaat i se peplosuvaat….
    Zatoa.. pa pa Makaronijo

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top