Насловна / Вести / Одржана јавна анкета за ДУП Градска четврт Ј20 – Блок 04 во Општина Кисела Вода

Одржана јавна анкета за ДУП Градска четврт Ј20 – Блок 04 во Општина Кисела Вода

Трета јавна презентација и анкета по  предлог ДУП  Градска четврт Ј20 – Блок 04, се одвиваше во просториите на Општина Кисела Вода.

IMG_0808

Границите на опфат на оваа градска четврт со површина од 35,40 ха се протегаат на:

- североисток : по собирните улици Антон Попов и Димо Хаџи Димов;

- југоисток: границата почнува да се движи по сервисната улица Мариовска;

- југозапад: по сервисната улица Милан Мијалковиќ;

- северозапад: границата по сервисните улици Пржино и Наум Охридски;

- север: границата се движи по сервисната улица Павел Шатев

IMG_0779

Најпрво пред претставници од институции и претпријатија, а потоа и пред граѓаните, жителите од овој дел на градот, планот беше стручно објаснет од страна на планерската куќа која го изведува урбанистичкото решение. Беа изнесени конкретни прашања и забелешки, беше побарано и добиено стручно мислење околу извесни идеи, како и информација за досега прифатените сугестии од страна на Општина КиселаВода, Град Скопје и Министерството за транспорт и врски. За одредени забелешки, пак, им беше дадено образложение зошто не се прифатени во сега понуденото  предлог решение. Ваквата анкета се спроведува со цел Деталниот урбанистички план да биде направен по мерка на граѓаните и да одговара на нивните реални потреби, а воедно да ги задоволува и сите законски предвидени критериуми. Токму затоа, и забелешките од средбата, заинтересираните можат да ги достават преку анкетни ливчиња кои се достапни во просториите на нивните урбани заедници, У.З.,,Црниче”, (ул.Наум Охридски бб), У.З.,,Пржино‘’ (Милан Мијалковиќ бб) и У.З.,,Бирарија’’ (Томе Арсовски бр.49/8), секој работен ден од 7 до15 часот, се до 14 овој месец.

Воедно, таму е изложен и предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј20 – Блок 04, но истиот е достапен и на веб страницата на Општина Кисела Вода.

IMG_0776

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top