Насловна / Архитектура / Одличен проект на архитектонска трансформација во Словенија

Одличен проект на архитектонска трансформација во Словенија

Традиционалната дрвена штала на архитектите од познатото словенeчко студио Dekleva Gregoric Arhitekti им послужила како основа, но исто така и како инспирација за нејзина модерна интерпретација.штала_2

Токму една таква штала, ја адаптирале и пренамениле за едно семејство во малиот словенечки град Логатец. Објектот се протега на дури 830 квадратни метри. Иако со својот изглед, особено од надвор, објектот потсетува на автентична дрвена штала, сега има еден сосема нов и атрактивен изглед.штала_9

Куќата е целосно изработена во дрво, што е исто така заштитен знак и на самиот ентериер, а кој е успешно испреплетен со ненаметлива доза на индустриски стил.штала_8 штала_7 штала_6

Со оглед на тоа што се работи за мошне обемен простор, оџакот и високиот плафон се искористени за дополнителен извор на светлина, но и како дополнителен кат за интимен дел на целиот концепт. Овој проект е реализиран така што со својот изглед не го нарушува постоечкиот амбиент, со оглед на фактот што во непосредна близина се наоѓа и црква.штала_5 штала_4 штала_3 штала_1

Испрати коментар

Scroll To Top