Насловна / Вести / Одбележана 51-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Одбележана 51-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје

KIR_0020
Во Музејот на Град Скопје синоќа со неколку културни настани беше одбележана 51 година од катастрофалниот земјотрес, што далечната 1963 го сруши до темел главниот град на нашата земја.

KIR_0030
Во рамки на одбележувањето во Музејот на град Скопје, беше реализирано  литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, беше отворена изложбата на фотографии „Скопје ‘63 – филмска хроника на едно време“, а веднаш потоа беше проектиран и еден од најнаградуваните документарни филмови „Скопје ‘63“ на режисерот Вељко Булајиќ, кој по тој повод допатува во Скопје. Филмот претставува  сведоштво за еден неизбришлив дел од историјата на Скопје.

KIR_0027
- Не знам од каде да почнам, се чувствувам навистина почестен овде. Овој град го засакав во најтешките моменти, ова е град кој ја победи смртта. Во денешно време е навистина тешко, воопшто, и да се замисли тоа, но Скопје докажа дека може да живее повторно, токму затоа сум воодушевен и полн со емоции. Јас, екипата од „Јадран филм“, но и многуте мои македонски пријатели и соработници, направивме филм којшто го поттикна светот да му помогне на Скопје, но мислам дека и Скопје му помогна на светот, беше тоа едно тешко време на студена војна, а овде неволјата и маката зближуваа народи и нации. Ми претставува особена чест што вечерва сум овде, рече Булајиќ

KIR_0018
Директорката на Музејот, Љубица Кондијанова истакна дека и претставува особено задоволство што може овие неколку дена да му биде домаќинка на авторот на филмот којшто направи многу за Скопје и дека преговорите за една ваква средба траеле повеќе од три години, но дека особено ја радува фактот што филмот се прикажува во Музејот на град Скопје, а авторот е овде во нашиот град на 50-годишнината од премиерата на филмот. 

KIR_0016

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top