Насловна / Вести / Од утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради Дигиталниот самит

Од утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради Дигиталниот самит

По повод претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан што на 18 и 19 април (среда и четврток) ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена (сала „Борис Трајковски“), во текот на денешниот ден (17 април), од 15 часот, како и наредните два дена, односно до 15:30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.улица
Имено, со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците Јадранска магистрала, Скупи, делови од булеварите Осми септември, Илинден, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот „Александар Палас“).

Исто така, како што соопшти МВР, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до скопскиот аеродром.

Испрати коментар

Scroll To Top