Насловна / Архитектура / Стара електрична централа претворена во Центар за современа уметност

Стара електрична централа претворена во Центар за современа уметност

Фондацијата V-A-C донесе одлука да ја преуреди површината од два хектари во Москва на која се наоѓа стара електрична централа во Центар за современа уметност и култура.

слика-1

Станицата наречена GES2 за првпат е изградена во 1900 година, со тогашна намена да го напојува целиот град со електрична енергија. Самата фондација оваа задача му ја додели на познатиот архитект Ренцо Пијано, кој се одлучи целиот простор да го подели во три целини: влезен простор, простор за изложување и простор за едукација.

слика-2

Во влезниот дел ќе бидат поставени скулптурална градина, борови дрвја, внатрешен и надворешен плоштад, библиотека, книжарница, кафетерија, аудиториум и простор за привремени инсталации и изложби.

слика-3

Во просторот за изложби ќе бидат сместени главните галериски простории, додека во едукациониот центар моментално ќе биде сместена кураторската летна школа на фондацијата, потоа разновидни курсеви и работилници.

слика-4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top