Насловна / Вести / Од слама до енергија – технологии, стратегии и иновации во Данска

Од слама до енергија – технологии, стратегии и иновации во Данска

Данскиот земјоделски и прехрамбен кластер, во соработка со Данскиот институт за технологија и Грчкиот центар за истражување и технологија (CERTH), го објави прирачникот „Од слама до енергија – технологии, стратегии и иновации во Данска“. Ова е второ издание на многу успешната објава од 2011 година. Данска ја користи сламата за производство на енергија повеќе од 40 години и може да се каже дека се водечки во светот во ова подрачје. Како што се наведува во соопштението, Данска не е единствената европска држава која има вишок слама, меѓутоа голем проблем претставува тоа што земјоделците ја палат агробиомасата бидејќи таа зазема голем простор и немаат каде да ја складиштат, и така го губат огромниот потенцијал која таа го има.

Сламата е јаглеродно неутрално гориво, што значи дека количината на јаглерод диоксид која настанува при согорувањето е еднаква на оваа која се апсорбира од атмосферата во текот на растот.

Публикацијата е дел од проектот AgroBioHeat, финансиран од ЕУ програмата за истражување и иновации Horizon 2020, и истата укажува на можниот придонес и искористувањето на биомасата, како локално достапен и обновлив извор на енергија. Публикацијата е достапна на следниот ЛИНК. Во склоп на овој проект наскоро ќе бидат достапни уште три водичи: за земјоделско – индустриски остатоци, остатоци од пченка, и за остатоци од овоштарници.

agrobioheat1

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top