Насловна / Вести / Од петок во Скопје забрана за движење на товарни моторни возила

Од петок во Скопје забрана за движење на товарни моторни возила

kamion-se-zabi-vo-taksi-205027

Од 19 декември почнува времениот сообраќаен режем на забрана за движење на товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува до 31 март 2015 година, во текот на денот и тоа од 8 до 20 часот.
Времениот режим, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот.
Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива која врши градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.
Од градот апелираат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.
Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање на последното мерење во Скопје покажуваат високи концентрации на ПМ10 честичките во воздухот.

Испрати коментар

Scroll To Top