Насловна / Вести / Од денеска – увид во избирачкиот список во Центар

Од денеска – увид во избирачкиот список во Центар

opstina centar

Од денеска, 8.4.2015 (среда), започнува јавниот увид на Единствениот избирачки список.
Увидот ќе заврши на 14-ти април.
Граѓаните со валиден документ за идентификација ќе можат да проверат дали се уредно запишани во избирачкиот список во барака 1, соба бр. 10 (во Општина Центар, ул. Михаил Цоков ББ), од 8.30 до 19.00 часот.
Со проверката граѓаните ќе можат да го остварат своето право на глас за референдумот за ГТЦ, кој ќе се одржи на 26-ти април.
Граѓаните ќе може да гласаат на истите избирачки места на кои гласаат на избори.
Проверете на следниот линк:
http://izbirackispisok.gov.mk/

Испрати коментар

Scroll To Top