Насловна / Вести / Обука на градежните работници за енергетска ефикасност

Обука на градежните работници за енергетска ефикасност

градежници-3

Денес во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи првиот состанок (kick of meeting) на проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ (BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training – BEET).

Проектот е иницијатива на Европската Унија, во рамките на Европската програма за конкурентност и иновативност на потпрограмата Интелигентна енергија. Главната активност на Европската иницијатива Build up skills „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ е да им помогне на европските национални економии да ги подобрат капацитетите на работниците во градежниот сектор, со акцент на обука и едукација на градежните работници за енергетска ефикасност, за да може и Република Македонија да ги постигне параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top