Насловна / Вести / Обновата на дрвениот мост во Струга ќе се бара преку европските фондови

Обновата на дрвениот мост во Струга ќе се бара преку европските фондови

obnova na drven most vo struga

Изградбата на дрвениот мост, кој пред три години од безбедносни причини беше целосно отстранет, требаше да се изгради уште минатата година, пишува Ohridpress.
Речиси три години се очекува мостот повторно да се изгради, а денес во Струга на неговото место единствено стои пораката „Сакаме мост“, што како последен апел до надлежните ја испишаа граѓаните на Струга.
Од општина Струга најавуваат дека најпрвин ќе направат обид обновувањето на мостот да биде со средства од европските фондови. Доколку не се успее со тој проект, решението ќе се бара со средства од општинската каса.
Минатата општинска администрација уште кон крајот на 2012 година ветуваше дека е затворен тендерот што го распишала општина Струга за избор на фирма за изградба на нов дрвен мост на реката Црн Дрим, во близина на постојниот што уште поред три години беше затворен за движење. Според информациите, за неговата изградба требаше да се потрошат околу 300.000 евра, а градежните работи требале да започнат на почетокот на пролетта минатата година.

Испрати коментар

Scroll To Top