Насловна / Архитектура / Облакодер инспириран од факел станува највисока зграда во Јапонија

Облакодер инспириран од факел станува највисока зграда во Јапонија

Облакодер висок 390 метри, чиј дизајн е инспириран од факел кој гори, ќе стане највисоката зграда во Јапонија. Облакодерот ќе се наоѓа над плоштадот исполнет со растенија во Токио, а ќе поседува простор за набљудување на околината и уживање во погледот на главниот град, како и планината Фиџи. Проектот е првобитно најавен во 2016 година, а компанијата Mitsubishi Estate неодамна го претстави новиот проект инспириран од факел.  Исто така, откриено е дека облакодерот ќе се вика Torch Tower. Оваа градба е дел од поширокиот план за урбанистички развој на површина од 31.400 квадратни метри.  Поголемиот дел од 63 ката ќе биде наменета за деловен простор, но ќе постојат и продавници и ресторани, како и голема сала со 2.000 места за седење. Горниот дел од облакодерот ќе биде резервиран за хотел со околу 100 соби, а делот кој личи на пламен ќе се користи како простор за набљудување на околината. Облакодерот ќе ги задоволува највисоките стандарди кога станува збор за отпорноста на земјотреси, а ќе понуди и простор кој би се користел како засолниште во случај на природна катастрофа. Проектот веќе е започнат недалеку од главната железничка станица во Токио.

torch1

torch2

torch3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top