Насловна / Архитектура / Облак како инспирација

Облак како инспирација

Објект како облак, кој се чини дека лебди над земјата, се гради во кинескиот пристанишен град Џинхуангдау. Служи како флексибилен простор за настани организирани во крајбрежниот дел на Арања. Невообичаената надворешност на сјајното бело стакло ќе биде во контраст со околината. Предметот ќе се подигне на мала основа што ќе му даде лебдечки ефект. Во зависност од перспективата на набудувањето, формата ќе личи на камче, клун на патка, туѓ предмет или нешто четврто. Сепак, од MAD Architects, кои ја проектираа оваа зграда, нагласуваат дека облакот бил инспирација.

Oblak

Секако, кога се гледа од далечина, тој делува како облак што лебди среде шумата. Рефлексивната форма, активирана со промена на светлината, небото и пејзажот, се постигнува со фасада направена од бел витраж со хиперболична форма. Серијата монументални пропусти, каде најдолгиот е 30 метри, ја прават цврстата бела маса на зградата „да плови“ над главно застакленото приземје. Горниот дел од конструкцијата во форма на облак е избалансиран и прицврстен на централното јадро на зградата, што обезбедува поддршка на целата зграда и овозможува внатрешен простор без столбови.

Oblak1

Внатрешноста ќе биде организирана околу голема просторија со импресивен вртлив таван. Објектот ќе се простира на 2.579 квадратни метри. Сончевата светлина ќе допира преку застаклување во долниот дел и преку прозорците на кровот. Подвижните sидови ќе обезбедат дополнителна флексибилност за прилагодување на просторот и одржување изложби, театарски претстави, прес-конференции и други настани. Околу згрдаата и уредениот парк ќе има низок кружен ѕид кој ќе го врами просторот во кој ќе бидат поставени бели карпи и брановидно зеленило што треба да предизвикаат ефект на вселената. Во близина ќе има и рефлектирачки базен. Изградбата се очекува да заврши следната година.

Oblak2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top