Насловна / Архитектура / Објект за претшколска возраст на деца

Објект за претшколска возраст на деца

1

Проектот за Epée de bois Nursery во Париз е дело на h2o architects. Тој се состои во проширување и рехабилитација на градинка за 24 деца на претшколска возраст. Објектот е сместен на многу збиена и тесна локација, речиси скриена од неколку згради различни на изглед.

2 3 4
Со продолжувањето на објектот на јаслите се добива можност да се даде нова кохерентност на групата згради. Објектот е поставен спроти постоечката зграда на крајот од дворот со даден посебен визуелен идентитет како јасно читлив волумен. Светлата надворешност на перфорираната школка го штити стаклениот објект во кој се сместени просториите за деца и терасите за играње на првото ниво.

5 6 7 8
Оваа надворешна обвивка овозможува светлината да навлезе во зградата. Таа е закривена на места за да се истакнат влезовите. На тој начин се овозможуваат погледи кон надворешноста, така што децата можат да гледаат од кровната тераса која е нивно отворено игралиште.

9 10 11
Објектот е изграден на три нивоа, каде просториите за престој и игра на децата го „окупираат“ приземниот и првиот кат. Техничките и приватните простории се сместени во подрумот. Ова ниво е осветлено од дворот и нуди погледи кон линеарните делови во подножјето на фасадата.

Испрати коментар

Scroll To Top