Насловна / Вести / Објавен повик за обнова на автопатската делница Смоквица-Гевгелија

Објавен повик за обнова на автопатската делница Смоквица-Гевгелија

avtopat gevgelija
Автопатската делница Смоквица – Гевгелија во должина од 10,1 километар ќе биде обновена.  Заинтерсираните компании за планираните градежни работи можат да достават понуди до 9 декември годинава, согласно објавениот јавен повик на Европската Комисија.

По спроведувањето на постапката и склучување договор, се очекува градежните работи да се реализираат во рок од една година.

– Предвидено е реконструкцијата и надградбата од автопатната делница да опфати обнова на асфалтот по целата должина од делницата, како и проширување на трета лента на подделниците Смоквица-Прдејци  од 6,72  километри и Негорци-Гевгелија 3,43 километри. Се планира и поставување нови банкини и заштитници, поставување нова, современа хоризонтална и вертикална сигнализација, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Обновата на автопатската делница Смоквица-Гевгелија е надоврзување на тековниот проект за изградба на нов автопат на делницата Демир Капија – Смоквица, по чие завршување делот на меѓународниот коридор 10 што поминува низ Македонија ќе биде целосно заокружен на ниво на автопат.

Јавниот повик е објавен на интернет-страницата за развој и соработка на Европската Комисија Europeaid, како и на интернет-страницата за централно финансирање и склучување договори на Министерството за финансии.

 

Испрати коментар

Scroll To Top