Насловна / Вести / Нуклеарки во Турција: Русите и градат и контролираат

Нуклеарки во Турција: Русите и градат и контролираат

Русите ја градат првата нуклеарка во Турција, а по се изгледа ќе ја градат и втората. Турските енергетски стручњаци предупредувааат дека Анкара не треба премногу да се потпира на Русија, посочувајќи ја често Германија во тој контекст како негативен пример.

1_37

Во април 2023 година, Ердоган го славеше стартувањето на првиот од предвидените четири реактори на првата нуклеарна електрана во Турција со зборовите: „Турција сега влегува во лигата земји кои имаат нуклеарна моќ“. Работите на изградбата на оваа нуклеарка во близина на градот Мерсин сеуште траат. Кога ќе биде готова, таа ќе покрива околу 10% од енергетските потреби на земјата, а за нејзината изградба се вложени 20 милијарди долари. Првобитно, сопственоста била 100% на руската државна корпорација „Росатом“. Потоа со договорот е утврдено дека и во иднина Русија не смее да има удел помал од 51%. Но во Управниот одбор на новата компанија, воопшто нема турски државјани.

1_38

Турција веќе неколку години планира изградба и на втора нуклеарка во Синоп, на брегот на Црното море. За изградбата на овој капацитет разговарала со САД, Јапонија, Јужна Кореја и Русија. По се изгледа и за оваа нуклеарка ќе се избере Русија. Многумина предупредуваат дека ваквиот чекор ќе ја продлабочи енергетската зависност на Турција од Русија и дополнително ќе ги оптовари и онака тешките односи со Западот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top