Насловна / Вести / Ново зеленило и детско игралиште го красат просторот околу Зелен пазар

Ново зеленило и детско игралиште го красат просторот околу Зелен пазар

novo-zelenilo-zelen-pazar-1

Со години запуштената јавна зелена површина во строгото централно подрачје, која се наоѓа околу Зелен пазар на потегот од булевар „11 Октомври“ до улица „Македонија“, доби нов изглед и е комплетно хортикултурно уредена.

novo-zelenilo-zelen-pazar-10-copy

Локацијата се протега на површина од 8.000 м2 и ги опфаќа зелените површини околу станбените блокови, кои досега беа со уништено зеленило и стари деградирани дрвја.

novo-zelenilo-zelen-pazar-9-copy

Се работи за специфичен простор, каде што дневно циркулираат огромен број граѓани, а жителите на околните станбени комплекси имаат потреба од модерно уреден простор за одмор и релаксирање.

novo-zelenilo-zelen-pazar-8-copy

Ова беше единственото место во комлексот Градски ѕид каде што немаше детско игралиште. Граѓаните со децении бараа катче за игра и рекреација за најмладите.

novo-zelenilo-zelen-pazar-7

Општина Центар, конечно на површина од 170 метри квадратни, гради ново современо игралиште со модерни дрвени детски рекзвизити. За зголемена безбедност на децата, се поставува гумена антиалергиски и антибактериска подлогата. И со ова игралиште, општината го задржа стандардот и квалитетот за изградба на игралишта за најмладите.

novo-zelenilo-zelen-pazar-6

Општина Центар изврши  комплетна реконструкција на тревниците. Околу нив, наместо железни огради, засадени се бордури од зимзелени садници како зелени огради. Задржани се дел од постоечките садници кои што се во добра состојба, со обликување на крошните и кастрење на гранките на високите дрвја.

novo-zelenilo-zelen-pazar-5

Засадени се околу 2.300 садници, дел од нив зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривачи, групирани во алпинетуми или во бордури како зелени огради покрај патеките. Локацијата ја красат и 2 зимзелени магнолии, со преубави бели цветови.

novo-zelenilo-zelen-pazar-4

За поголема разиграност и колоритност на просторот, планирани се неколку алпинетуми со околу 3.000 сезонски цветен расад.

novo-zelenilo-zelen-pazar-3

Полевањето се изведува со автоматски систем за полевање, приклучен на хидрантската парковска мрежа. Со системот за полевање ќе се овозможи навремено и комплетно наводнување на тревникот и садниците, а со тоа и нивен повитален раст и развој.

novo-zelenilo-zelen-pazar-2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top