Момент на невнимание или полоша видливост на патот, често завршува со несреќа. Со цел дополнително да се намали ризикот, ЕУ воведува како обврска нова технологија, па така од 7-ми јули 2026 година сите новорегистрирани патнички автомобили мора да бидат опремени со адаптивни стоп светла. Овој систем автоматски активира брзо трепкачко светло во текот на нагло кочење при брзини над 50 km/h.

Трепкачкото светло е дел од поширок безбедносен пакет. Од ова лето, ниту еден нов автомобил нема да биде одобрен без новите дигитални безбедносни карактеристики. Производителите ќе мораат да вградат системи за кочење во нужда кои исто така ќе можат да ги детектираат пешаците и велосипедистите. Освен тоа, ќе постојат сситеми за помош на возачот кои ќе го следат заморот на возачот и ќе ја регулираат брзината.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија